Од раководството ја добиле одлуката дека им е забранет влезот во фабриката поради суспензиите на синдикалните членови што тие не ги признаваат. Очекуваат смена на актуелното раководство...

Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ не се откажува од протест и штрајк. Од раководството ја добиле одлуката дека им е забранет влезот во фабриката поради суспензиите на синдикалните членови што тие не ги признаваат. Очекуваат смена на актуелното раководство.

Очекуваме дека во најскоро време ќе се смени раководството, а одредена најава добивме од прилепскиот градоначалник и поради тоа ја одложивме блокадата на патниот правец. Доколку се смени раководството ќе се исполни и тој услов во договорот со Владата- добивме просечна републичка плата, по една да добиваме месечно, да се смени раководството и во рок од шест месеци да се реши судбината на компанијата. Во тој период ние ќе работиме, изјави Роберт Богданоски, претседател на Синдикатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2018 15:38