Шефот на делегацијата на ЕУ во Русија, Маркус Едерер пристигна во Брисел согласно одлуката на шефовите на држави или влади на Унијата, тој да биде повлечен од Москва за консултации.
Едерер од денеска одржува „институционални консултации“ откако вчера се сретнал со високата претставничка на ЕУ за надоврешни политика и безбедност, Федерика Могерини.
Портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчиќ не беше во можност да каже колку време ќе остане Едерер на консултации во ЕУ, додавајќи дека ќе биде „онолку колку што е потребно“,
Одлуката да се повлече европскиот амбасадор од Москва беше донесена на последниот Самит на лидерите на ЕУ како одговор на нападот со нервен гас врз руски двоен шпион, Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Солсбери.
ЕУ не гледа друг веродостоен виновник за тој напад освен Русија, се вели во заклучоците од Самитот.
Францускиот претседател Емануел Макрон случувањата во Солсбери ги нарече „напад врз европскиот суверенитет“.
Освен шефот на делегацијата на ЕУ, одредени земји членки одлучија да ги повлечат и своите национални амбасадори од Русија. Медиумите јавуваат дека повеќе од 10 европски земји се подготвуваат или веќе ги отповикале своите амбасадори од Русија и тоа Германија, Франција, Ирска, Полска, Холандија, Летонија, Литванија, Бугарија, Естонија, Чешка и Данска.