Германскиот министер за надворешни работи изјави денеска дека Берлин наредил протерување четворица руски дипломати поради случајот Скрипал, во момент кога државите од Европската унија преземаат притисок врз Москва.
– По труењето во Салисбури Русија се уште не помага за расчистување на ситуацијата. Не ја донесовме одлуката лесно, наведе на Твитер шефот на дипломатијата на Германија, Хајко Мас.
Одлуката е дел од координирани акции на ЕУ држави и САД да се казни Русија поради нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка на 4 мај.