Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон изјави дека Англија се откажала од идејата да го бојкотира претстојното Светско првенство во Русија. Според него, од Фудбалската Асоцијација на државата одлучиле да не го мешаат спортот и политиката. - Немаме планови за бојкот. Фудбалската асоцијација не е Владата, изјави Џонсон. Во Русија, меѓутоа, нема да одат министри и членови на кралското семејство, а Џонсон на неколку наврати предупреди дека Англичаните, кои ќе ги следат натпреварите од Мундијалот на стадионите ширум Русија, треба да бидат екстремно внимателни.