Владата еднострано го раскинува договорот со концесионерот на Казандол, објави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

- Владата на РМ е посветена целосно на економскиот раст и заштита на здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е над било кој приватен интерес и еколошката безбедност на државата. Оваа порака ја испраќаме до граѓаните на Валандово, Богданци, Дорајн, но и до сите жители на РМ. Денеска Владата донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран врз основа на член 44 став три од Законот за концесија и јавно приватно партнерство. Со оваа одлука Договорот за концесија од 27.02.2015 година еднострано се раскинува од страна на државата бидејќи концесионерот не ја исполнил обврската од членот 13 остав 1 од Договорот за концесија, односно во рок од две години од денот на доделување на концесијата не изградил постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда, рече премиерот Заев.

Како што додаде предвидениот рок од две години од Договорот е суштинска состојба на Договорот бидејќи е даден и како услов во јавниот повик и тендерската документација и оти доколку не се раскине договорот и не се постапи законски Македонија може да биде тужена од други потенцијални концесионери кои би можеле да ја земат концесијата.

Одлуката влегува во сила наредниот ден по објавување во Службен весник.

- Со денот на влегување во сила на оваа одлука престанува да важи одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран на Друштвото за ескплоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, на локалитетот Казандол, рече Заев.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавата од концесионерот за барање оштета, рече дека правото на компанијата секако постои, но оти Владата ги разгледала сите аспекти и оти, како што рече нема што многу да се одлучува освен строго да се постапи според Законот за концесија.

- Се работи за суштествена повреда. Ваквите посебни услови се сериозно прекршување на Договорот и Македонија ако не го раскине договорот може да биде тужена од секој потенцијален концесионер, кој што би можел да ја земе концесијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2018 16:58