Спроведувањето на Законот за минимална плата се одвива непречено и без сериозни импликации врз Буџетот и позитивно влијае врз растот на платите.

Од вкупно 90.000 граѓани кои сега добиваат повисока плата, субвенционирани се исплатите на плати на околу 10 000 лица, што е околу 10 отсто од вкупниот број граѓани коишто добиваат поголема минимална плата во висина од 12.000 де

Процентот на искористеност на државната помош за исплата на минималната плата докажува дека претпријатијата се во добра кондиција, а економијата е стабилна, развојна и се движи во добар правец.

Растот на минималната плата овозможи раст на просечната плата во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, а вработените во овие индустрии веќе не се дискриминирани и земаат еднаква минимална плата како и вработените во останатите стопански гранки.

Зголемената минимална плата ја отвори спиралата на раст на платите. Во јануари 2018 забележан е раст од 16 отсто на платите во производството на облека, 19 отсто на платите во кожарската и 24 отсто пораст на платите во текстилната индустрија, споредено со јануари 2017 година. Сето тоа влијаеше на пораст од 5,6 отсто на просечната нето плата којашто во јануари изнесува 24.075 денари.

Ова е уште еден показател за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ којашто продолжува одговорно, отчетно и транспарентно да ги спроведува мерките што овозможуваат економски раст, повисоки плати, нови работни места и повисок животен стандард.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2018 10:46