Пензиите за март што пензионерите ќе ги добијат во април ќе бидат покачени за 1,69 проценти, согласно законското усогласување на пензијата што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот. Овој процент на усогласување на пензиите ќе се исплати ретроактивно и за јануари, февруари и март годинава, исто така со мартовската пензија.

- Усогласувањето на пензиите се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Според оваа одредба усогласувањето на пензијата се врши согласно движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50 проценти, велат за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија во предходното полугодие, во однос на полугодието кое му претходи.

Минатата година пензиите се усогласиле согласно законската одредба одредба два пати годишно и вкупното усогласување изнесуваше 1,58%



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2018 10:49