Законот за јазици е за спас на политичката кариера на Али Ахмети. Истиот е серизона манипулација кон политичкиот живот и кон Албанците, зошто албанскиот јазик, Албанците го користат и сега. Ние немаме ништо против албанскиот јазик и да го користат каде што имаат потреба, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи на телевизија АлсатМ.

Да ставите како услов за формирање влада, ваков закон тоа е уцена. По ова веќе никој не размислува за суштината на законот, туку за уцената. Во таква атмосфера почна дебатата за законот. Тоа е дел од манипулацијата на ДУИ, изјави Николоски.

Тој објаснува дека ДУИ влегоа да разговараат на оваа тема само со СДСМ. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека тие предоложиле да има работни групи во кои ќе се разговара за законот и додава дека комуникацијата се одбивала аргогантно.

Токму поради тоа сме во ситуација да се манипулира со ова. Ако ја немаше ароганицијата и манипулацијата, да учествуваме и ние во подготовка на законот, и ако се беше во рамки на Уставот ќе го прифатевме законот, вели Николоски.

Манипулацијата и начинот на носење на законот со непочитување на процедурата раѓа поларизација. Намерата не е чесна со законот. Не гледам причина зошто не се остави за септември и да го разгледаме тогаш, а не во ваква атмосфера кога се разговара и за името, вели Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2018 10:53