Германската компанија „Костал“ која веќе работи во Охрид бара да потпише нов договор според новите мерки за економски раст.

Информацијата, како што информира владиниот портпарол, е усвоена вчера на седница на Влада.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за предлог договорот за доделување на државна помош за инвестицијата на германската компанија Леополд Костал ГмбХ & Co. KG за реализација на инвестициски проект на територијата на Општина Охрид, како браунфилд инвестиција во постоечките капацитети на индустрискиот комплекс „ЕМО ОХРИД“, наменета за обука на вработени, тест производство и сериско производство на мехатронски делови составени од електроника, прекинувачи и конектори наменети за автомобилската индустрија, соопшти вчера владината прес-служба.

- Тоа е помош за компанија која веќе работи во Македонија, меѓутоа бара допговор според новите мерки за економски раст. Тоа значи дека овие мерки се веќе препознати и од постојните инвеститори во РМ, рече Бошњаковски.

Тој појасни дека станува збор за предлог договор, деталите уште не се утврдени. - Ова е само почеток на постапката. Кога ќе бидат уврдени и кога ќе ги знаеме ние и договорот ќе биде во завршна фаза ќе информираме веднаш, рече Бошњаковски



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2018 11:34