Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков изјави дека Москва ќе го процени нивото на непријателство од страна на Вашингтон и Лондон кон Русија пред да одговори на протерувањето руски дипломати.
САД и некои членки на ЕУ планираат да протераат десетици руски дипломати за да го казнат Кремељ за нападот со нервен агенс врз поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Англија, за кои Лондон ја обвинува Русија.
Русија, која ги отфрлува обвинувањата за учество во нападот, наведува дека акциите на Западот се „гест на провокација“ и најави одговор.
Во меѓувреме Амбасадата на Руска Федерација во Лондон соопшти дека 160 држави чекаат докази дали Русија е одговорна за труењето на Скрипал.
Како што се наведува во документот по повод протерувањето на руски дипломати од 26 земји, повеќето земји членки на ЕУ, кои не се прозападни очекуваат докази.
- Дури и ако госпоѓата Меј е апсолутна сигурна дека Русија е одговрна за нападот во Солзбери би морала да и ги достави сите докази на Русија, на Меѓународната заедница и на британската јавност. Ова е мислење на речиси 160 земји кои не се дел од западниот блок, истакна Амбасадата на Руската Федерација