Направете креативна маска за Вашите најмили и бидете дел од големата априлијада која ќе се оддржи во Комплексот Македонско село на 01.04.2018 со почеток од 12:30. Незаборавното детско доживување ќе биде збогатено и со настапот на „Златно славејче“ кои ќе ги отпеат најголемите детски хитови почнувајќи од 13:00 часот...

Покрај дружењето и смеењето овој први април за Вас и Вашите најмили може да биде и среќен бидејќи најдобрите маски кои ќе продефилираат во Македонско село ќе добијат ваучери од продавницата за детски играчки Крш во висина од 1500 денари, 2500 денари и 3500 денари.

Забавата можете да ја започнете уште во сабота, ден пред големото првоаприлско детско уживување, како дел од креативната работилница во која дечињата ќе можат да изработуваат пролетни ракотворби, цртежи, маски и да декорираат грнчарски производи...

И не заборавајте дека од 31-ви март па се до 9-ти април, Комплексот Македонско Село живее во боите и убавините на пролетта преку пролетниот базар каде секој од Вас ќе може да најде идеална книга по свој вкус и префинети и креативни декорации за сечиј дом.

Во продолжение погледнете неколку идеи за креативни детски маски со кои покрај тоа што Вашите деца би биле пресреќни, би можеле и да освоите вредна награда, единствено во Комплексот Македонско село.

1. Лавица

2. Ајс Вентура

3. Старбакс

4. Билдер

5. Музичар

6. Баба

7. Пуканка

8. Попај

9. Махатма Ганди

10. Алберт Анјштајн

Пролет во Македонско село! Одберете најдобра маска и уживајте во забавата (Галерија)


Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2018 23:57