Добро е што владата на СДСМ почна да ги набројува проектите во инфраструктурата што ги започна ВМРО-ДПМНЕ и ги прикажува како свои.

Добро е што владата на СДСМ почна јавно да ги фали проектите на ВМРО-ДПМНЕ поготово во инфраструктурата, иако со години не кажа ниту еден добар збор за ниту еден инфраструктурен проект. Конечно оваа влада со набројување дека ќе ги продолжат инфраструктурните проекти самата потврди дека ВМРО-ДПМНЕ била на одличен правец и со одлични политики во делот на инфраструктурата.

Добро е што ќе се продолжи изградбата на проектите од ВМРO-ДПМНЕ и тоа е за поздрав, но од друга страна ЛОШО е што оваа неспособна влада скоро една година нема започнато ниту еден капитален проект, а од друга страна ги закочи проектите, ги заглави автопатите и експресните патишта, а градежништвото е во пад од околу 20%.

Скоро една година ги манипулира граѓаните дека ќе почнат нови 600 километри автопати, а во реалноста не можат ни да го пуштат во употреба завршениот автопат Демир Капија - Смоквица. Ако за една година не можат да пуштат завршен автопат можеме сите да замислиме што се случува со сите останати проекти во инфраструктурата.

Наместо постојано да велат дека ЌЕ почнат со нови проекти, дека ЌЕ почнат со нови реформи, ЌЕ ги довршат проектите на ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе им препорачаме да почнат да работат бидејќи со празни зборови и со зборот ЌЕ ја однесоа Македонија и економијата во пропаст, а градежништвото во слободен пад.

Граѓаните немаат кратка меморија како што тоа можеби го мислат во СДСМ и граѓаните знаат кој, што и како направил за Република Македонија. Граѓаните се сведок дека оваа власт повеќе од 10 месеци нема направено еден метар нов пат.

ВМРО-ДПМНЕ било и ќе биде симбол за нови проекти, за подобар живот на сите граѓани, и се што оваа влада на СДСМ нема капацитет да изгради и не може да доврши, а што го започнало ВМРО-ДПМНЕ, ветуваме дека тоа набрзо ќе го завршиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2018 11:38