Со 11 годишното криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата, а секој нивен таканаречен инфраструктурен проект беше симбол на криминал, неспособност и корупција.

Поради неспособноста и криминалните интереси на ВМРО-ДПМНЕ и пропустите на автопатите, државниот буџет беше оштетен за стотина милиони евра, пари на граѓаните.

Очигледна е разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ, којашто започна сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура. За таа цел се обезбедени 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци со вкупна должина од околу 800 километри.

СДСМ преку централната и локалните власти што ги предводи, продолжува посветено да работи на развој на инфраструктурата и обезбедување на услови за безбеден и ефикасен транспорт за сите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2018 11:39