Да не се запостави еднаквиот регионален развој со имплементирањето на владините мерки за економски раст од третиот столб кои предвидуваат поддршка на микро, малите и средните претпријатија, апелира Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Комората денеска, во соработка со Фондот за иновации, пред членките ги презентираше мерките според кои, ќе се покриваат 30 отсто од директните трошоци за технолошки развој на фирмите, за инвестициските проекти и едукацијата на младите вработени.

- Само со правиот јавен повик планираме да распределиме 185 милиони денари кои се веќе обезбедени од Владата. Годинава се предвидени уште два повика со што вкупниот износ за поддршла ќе биде 645 милиони денари, рече директорот на Фондот Јован Деспотовски.

Од СКСЗМ побараа во мерките да се вклучат фирми од повеќе сектори.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2018 13:08