Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил и ќе остане на страна на народот и на страна на Република Македонија, за разлика од Зоран Заев.

Граѓаните кои со денови протестираа против антидржавните политики на Зоран Заев, не се терористи.

Граѓаните кои со денови протестираа се патриоти, кои водени од чувството на патриотизам излегуваа на улица за зачувување на Уставниот поредок, интегритетот и суверенитето на Република Македонија. Зоран Заев нема да успее да го згази чувството на патриотизам и љубовта кон сопствената држава. Дури и сите со политичка одлука да ги фрли во притвор нема да ја убие љубовта кон Македонија.

Граѓаните за разлика од Зоран Заев и врхушката на власта знаат што значи љубов кон сопствената татковина. Заев не може да го разбере ова, бидејќи тој е уценет човек, и мора да прави концесии на штета на државните и национални интереси.

Разликата помеѓу Мицкоски и Заев е очигледна. Целата јавност виде како Заев бара поткуп од 3 евра за легализација на метар квадратен градежно земјиште, по едно за него, за партијата и едно за црквата. Граѓаните слушнаа дека ова било пракса во општината додека тој бил градоначалник.

Со кој кредибилитет овој човек мисли дека може понатаму да ја води државата?

Има ли друг премиер или политичар во Европа за кој со видео докази е документирано дека барал поткуп?

Граѓаните се прашуваат, колку бизнисмени од Струмица платиле по принципот евро за Заев, евро за партијата и евро за црквата за легализација на своето градежно земјиште?

Дали премиерската функција ја користи за продолжување на истиот принцип на работа?

Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер на Република Македонија. Ниту една политички мотивирана хајка, ниту обид за дефокусирање на јавноста нема да може да го сокрие срамот од снимката која целата јавност ја виде, а од која јасно се гледа начинот на кој работел Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2018 17:12