Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ќе протера 60 американски дипломати и ќе го затвори американскиот Конзулат во Санкт Петербург.

Лавров нагласи дека американскиот амбасадор во Русија бил „информиран за мерките“ додавајќи дека „бројката на протерани е иста како и на САД“.

– Наша мерка ќе биде и укинување на дозволата за работа на американскиот Конзулат во Санкт Петербург, изјави Лавров.

Вашингтон претходно, протера 60 руски дипломати и го затвори рускиот Конузлат во Сиетл



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2018 21:11