Ако е некој сопственик на капацитет во рурална средина или нуди услуги како традиционална храна преку кои се промовира руралниот туризам, со пополнување на формуларот http://rural.mk/ ќе стане дел од првата туристичка понуда на руралните средини во Македонија.

Базата на податоци што ќе се креира, ќе биде јавно достапна на веб страницата на Рурална коалиција.

Ова е дел од проектот „Стратегиски развој на руралниот туризам - основа за комплементарно поврзување и надополнување на индустриската политика и одржливиот развој на Р. Македонија“.

Проектот почна во февруари, а ќе се реализира до јули 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2018 11:16