Во емисијата “Sид” на Алфа ТВ, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев истакна дека јасно се гледа стравот и слабоста на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи за овие 10 месеци откако се на власт немаат реализирано ниту еден проект.

Тој додаде дека затоа СДСМ со манипулации сака да ја дефокусира јавноста меѓутоа на предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе ја формира новата влада со што повторно ќе покаже како се води Република Македонија во вистинска насока.

–Oва само ја покажува слабоста и стравот на владата на СДСМ и самата СДСМ кои што ја имаат од самиот Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ. Ништо повеќе, слабоста и стравот бидејќи знаат во која ситуација се наоѓаат и дека се во таканаречен слободен пад, рече Јанушев.

На ова Јанушев се надоврза дека претседателот на партијата Мицкоски во неколку наврати и во своето обраќање на социјалните мрежи многу јасно кажа дека на 27ми април бил пред Собранието со народот. Тој констатираше дека СДСМ само сака да ја дефокусира јавноста со спинување бидејќи од ден на ден се случуваат се повеќе катастрофални потези на владата.

Исто така Јанушев во неколку наврати напоменa дека СДСМ пред се го потценува и се игра со сопствениот народ. Тој истакна дека потценувачкиот пристап и заплашувањето кое го практикува СДСМ нема да му донесе ништо добро и дека се ќе им се врати како бумеранг.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2018 11:25