Одлични карактери, високи професионалци кои треба да претставуваат поттик за младите генерации на жени кои се високо едуцирани и влегуваат во бизнис водите за да остваруваат високи резултати на менаџерски и лидерски позици.

Вака, Лидија Трипуновска генерална менаџерка на „Марили“, ги оцени избраните најуспешни жени менаџерки за 2017 на синоќа одржаниот 22. по ред избор на Топ 10 најуспешни.

[photo]Таа додаде дека оваа Топ 10-ка е дел од Марили бизнис клубот, кој што ги поддржува сите жени менаџери од досегашните избори кои заемно соработуваат, разменуваат идеи, искуства, но работат и на проекти.

- Се запознавме со нивните амбиции, идеи, планови, со нивните тимови, со катадневната битка за пласман и профит за високи резултати и со креативноста која ја внесуваат во своите проекти и дојдовме до вечерашната Топ 10 на најуспешни жени менаџери лауреатки на кои им оддаваме почит и признание, рече Трипуноска и додаде.

Годинашни добитнички на признанието се Пенка Мукаетова од Консалтинг Интер Груп, Лидија Таскова-Попова „ЕСП“, Горица Дачевска ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Ирена Јакимовска „Комфи Ангел“, Јана Јанеска-Ристески Центар за современа ликовна уметност, Елена Табаковска „Фармаген“, Слаѓана Стаменкова „Елит Травел“, Александра Аргир од Пивара Скопје, Магдалена Трајковска-Трпевска генерален менаџер во Технолаб и Наташа Стојковска од „Витаминка“.

Тие доаѓаат од успешни компании од приватниот сектор, од различни области и дејност, од целата држава.

За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

Годишаниот избор беше поддржан од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Покрај традиционалниот избор на 10-те најуспешни жени менаџерки, „Марили“ годинава по четврти пат го организира и Денот на здравјето. Насловен како „Дама Да“ ќе се одржи утре, а е во функција на современата жена.

На едукативниот ден ќе има предавање, презентации и хуманитарна аукција на слики, а специјална гостинка е српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2018 11:29