Во никој случај нема да дозволиме промена на Уставот со цел промена на уставното име и во ниту еден момент не е прифатливо воопшто да се преговара за идентитетот и за јазикот. Тоа е многу пати кажано и реафирмирано и воопшто не отсапуваме од тоа истакна Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ.

-За разлика од Коѕијас кој најавил собирање на сите политички субјекти во Грција каде што ќе ги брифира за тоа во која фаза се преговорите со името, во Македонија е обратно, вели Јанушев.

Тој воедно изрази и жалење за тоа што ВМРО-ДПМНЕ за преговорите дознава само од новинарите и медиумите.

Јанушев констатираше дека нема конкретен предлог за името од СДСМ, освен што само се преговара за слеани имиња или со географски одредници, идеи кои се вратат во јавноста.

Генералниот секретар на партијата истакна дека ВМРО- ДПМНЕ се држи настарана од коментарите заради тоа што реално не знаат како се одвиваат процесите.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ не би сакал да ја стави Македонија во некоја неповолна ситуација и затоа само јасно ги кажува своите ставови и нема да отстапи од нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2018 12:48