Претседателството на Демократската Унија за Интеграција го оддржа третото продолжение на состанокот на Претседателството започнато на 16ти март 2018 каде што беше разговарано за спроведувањето на програмата од страна на централната извршна власт како и околу политичките актуелности.

На состанокот, Претседателот Ахмети го запозна раководството на партијата околу разговорите со коалицискиот партнер во врска со проширувањето на парламентарното мнозинство како и спорот со името, истовремено зборуваше и за законот за употреба на јазикот.

Членовите на Претседателството детално го разгледаа текот на имплементацијата на програмата и го затворија делот на известување од страна на министрите, заменици министри и државни секретари пред партиското раководство.

Состанок на Претседателството ќе продолжи наредниот петок, на 13ти април, со почеток од 14:00 часот во седиштето на партијата во Тетово каде ќе започне широка дискусија околу градењето на страгијата на ДУИ за две децении пред нас.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2018 23:07