Студентите во студентските домови во Скопје не живеат, тие преживуваат. Наместо нормална храна им се сервира храна полна со бубачки и отпушоци.

Студентите во Стив вчера наместо ориз со месо, за ручек имаа ориз со бубачки. Ова слика објавена во медиумите од која се гледа дека наместо јадење на студентите им се сервираат бубачки е згрозувачка. Пред само еден месец студентите во таблата со лебот добија отпушок од цигара. Ова е недозволиво. Ова е нечовечки.

Недозволиво и трагично е во студентски дом, каде студентите плаќаат за својот престој, да се соочуваат со крајно нехумани услови за живот.

Студентите не плаќаат за да јадат бубачки и отпушоци. Студентите заслужуваат нормална храна. Студентите заслужуваат нормални услови за престој и студирање.

Родителите кога ги праќаат своите деца во студентски дом ги праќаат со мислата дека таму ќе бидат сместени и дека ќе добијат нормална исхрана. Наместо тоа тие добиваат бубачки и отпушоци во јадењето.

Зоран Заев, Рената Дескоска и Стефан Богоев ги лажеа студентите. Тие се сместија во нивните удобни функционерски фотелји и заборавија на студентите.

СДСМ ветуваше подобар студентски стандард и подобри услови за сместување и живот на студентите. По 10 месеци владеење на СДСМ условите во студентските домови не само што не се подобрени, туку се влошени.

Студентите се жртва на лагите на СДСМ. 10 месеци власта нема направено ништо за студентите. СДСМ нема капацитет да направи подобри услови за студентите. Лошата храна и услови мора да станат минато. Студентите заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 00:09