До Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија

Почитуван г-дине Стојанов,

Mи претставува особено задоволство и чест, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.

На најсветлиот и најголемиот христијански празник да Ви посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом. На денот кога ја славиме победата на животот над смртта да се потсетиме дека само со верба во себе и почит кон другите, ќе успееме да се избориме со сите предизвици и да изградиме просперитетна иднина на нашата држава.

Велигден ни дава голема радост и надеж, не поттикнува да ги надминеме поделбите, да создаваме добри дела и да се почитуваме еден со друг. Само сложни и обединети во овие празнични денови можеме да се избориме за подобра иднина и успех на сите нас.

Воскресението Христово е празник на семејството и ближните и затоа ви посакувам да го минете во мир, здравје и хармонија.

Нека е за многу години големиот празник!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 00:12