Се што видоа граѓаните од владата на СДСМ во изминатите 10 месеци се само деструктивни политики, стопирање и блокирање.
СДСМ за 10 месеци не успеа да реализира ниту еден инфраструктурен проект, но затоа умеат да се фалат со туѓи проекти.
Денес по којзнае кој пат СДСМ повторно се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ. Новата судска зграда на Кривичниот суд во Скопје која СДСМ денес ја пушти во употреба е проект започнат и реализиран од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ не беа способни цели 10 месеци да го пуштат во употреба овој објект на кој единствено му фалеше набавка на додатна техничка опрема.
Заради неспособноста да започнат и реализираат свои проекти СДСМ ги запира веќе започнатите проекти кои ги започна владата на ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДСМ го одложува и пуштањето голем број проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои беа во завршна фаза единствено со цел да може да ги прикаже како свои проекти.
Граѓаните не се со кратка меморија и знаат кој работи. Граѓаните заслужуваат влада која ќе создава, а не влада која не работи, блокира и се кити со туѓи перја.