Не постои поголема штета од онаа којашто ВМРО-ДПМНЕ ја направи преку 11 годишната партизација и злоупотреба на институциите, поради што Македонија долго време беше категоризирана како заробена држава.

Владата на СДСМ и коалиционите партнери, преку спроведувањето на реформскиот План 3-6-9 ја враќа загубената доверба во државните институции.

Реформскиот план дава конкретни резултати. Владата е отворена за сите, владеењето на правото е неселективно, медиумите слободно ја вршат својата работа, а институциите наместо сервис на партии и поединци, стануваат вистински професионален сервис на сите граѓани.

Наместо напразно да обвинува, ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите и деструкцијата и да ги поддржи реформите со коишто се обезбедуваат независни и професионални институции и владеење на правото подеднакво за сите. Тоа е во интерес на државата и граѓаните кои се изборија за демократско и модерно општество еднакво за сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 00:30