Неспособноста и криминалните тендери на ВМРО-ДПМНЕ ја оставија патната инфраструктура во катастрофална состојба, а штетите од пропустите на автопатите ги чинеа граѓаните и државата стотици милиони евра.
Поради таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, секој нивен таканаречен инфраструктурен проект беше симбол на криминал, неспособност и корупција.
Очигледна е разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ којашто започна сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура. За таа цел се обезбедени 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци со вкупна должина од околу 800 километри.
Со тоа, започнуваат долгорочни инфраструктурни проекти низ целата држава коишто се од значаен интерес за економијата и за сите граѓани.
Инфраструктурното поврзување меѓу населените места низ Македонија и модерното поврзување со земјите од регионот и Европа претставува стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ којашто продолжува посветено да работи на обезбедување услови за сигурен, безбеден и брз транспорт за сите граѓани.