Над 30 заложници се ослободени за време на голема операција во Сирија, соопшти началникот на рускиот Центар за помирување во Сирија, генерал-мајорот Јуриј Јевтушенко.
- За време на операцијата, 34 заложници кои беа држени од илегални вооружени групи се ослободени, наведе Јевтушенко.
Тој истакна дека операцијата е без преседан по својот обем.