Просечната плата во Македонија не се покачува. Измамата на власта е во класична промена на методологијата и статистичка шминка.

Имено како што посочивме, а како што потврдија и експертите, УЈП под крајно нејасни критериуми извлекло просечна плата повикувајќи се на селективен примерок, а не врз основа на целокупната база која ја поседува. Тоа значи дека примерокот е извлечен врз основа на субјективност со цел да се угоди на Владата предводена од СДСМ, за да се покаже нереално покачување на просечната плата.

Дали со ваквата методологија се избегнуваат сите меѓународни и Еуростат стандарди со цел економската катастрофа на народот да му се прикаже како економски напредок, иако Македонија ја заврши 2017 со 0 раст на БДП, додека сите земји во регионов и во Европа имаа забележителен напредок. Станува се појасно дека власта се обидува да го сокрие падот на индустријата во голем број гранки, растот на трошоците за живот и цените, и паѓањето на стандардот на граѓаните.

Дали примерокот е избран случајно или тенденциозно, па во него влегле плати во добро платени компании, администрација, а биле изземени малите претпријатија кои вработуваат најголем дел од граѓаните?

24 илјади денари можеби е просечна плата, но не во државата, туку во партиската економија на СДСМ.

Примерот е многу едноставен, ако се извлече примерок во УЈП од платите на Заев, Тевдовски, Анѓушев и ергелата советници околу нив и на тоа се додадат платите на директорите на фирмите и скапо платените мегафони на СДСМ, тогаш просечната плата која на некоја идна прес конференција ќе ја престави Тевдовски може да изнесува и 65.000 денари. Но тоа нема да значи дека огромното мнозинство на граѓани има приближно толкави примања.

Ова е скандалозно, бидејќи ако се работи за тенденционо, субјективно, селективно и манипулативно пресметување на просечната плата, тогаш тоа се вика класична измама.

На граѓаните не им се потребни шминкани, а потоа бомбастично објавувани податоци за да знаат дали живеат полошо од минатата година.

Впрочем граѓаните на своја кожа најдобро ја чувствуваат катастрофалната економска политика на СДСМ, Заев, Анѓушев и Тевдовски кои на колена на клекнаа економијата, и кои доведоа до тоа стандардот на граѓаните од ден во ден да опаѓа.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 22:01