Премиерот Зоран Заев по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед.
- Овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови поминати во пост и молитва, крајот кој, всушност, завршува со победата над смртта која ја славиме со воскликот „Христос воскресна! Навистина воскресна!, вели премиерот Заев во честитката.
Со воскреснувањето на Исус Христос, пишува Заев, се случи нешто навистина ново, нешто што ја промени состојбата на човештвото и светот и се оприсутни како сила на надеж за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда.
- Нека е за многу години празникот на Воскресението Христово и на воскресението на новиот човек. Радоста на овој, и на сите идни Велигдени да ни ја даде силата за изградба на едно општество за сите, кое е мирољубиво, и во кое се почитува верската слобода на сите нејзини граѓани, се наведува во честитката.