Американската тенисерка Слоун Стивенс триумфираше на Мастерсот во Мајами и стигна до втората голема титула во кариерата.

Стивенс во Мајами дојде како 13 носителка на турнирот, но во финалето ја совлада Јелена Остапенко од Летонија со 2:0 во сетови (7:6, 6:1).

Американката го доби првиот сет во тај-брејк со 7:6, но во вториот ја искористи слабата игра на својата противничка и славеше со убедливи 6:1.

Стивенс на патот до титулата елиминираше четири тенисерки со грен-слем титули Гарбиње Мугуруза, Анџелике Кербер, Викторија Азаренка и Остапенко, која лани го освои Ролан Гарос.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 22:08