Најпрво во овие празнични денови сакам со желби за убави и среќни мигови, на сите верници со католичка вероисповед да им го честитам Воскресението Христово-Велигден, додека пак на православните христијани празникот на славното Христово влегување во Ерусалим-Цветници.

Охриѓани се жртва на погрешните политики на Власта. Ветуваа туристичка атракција, а и тоа што е изградено дозволуваат да се уништи. Владата предводена од СДСМ и Градоначалникот Јован Стојаноски одат по народната „Село гори баба се чешла“.

Охриѓани имаат директни штети и загуби поради неодговорноста на власта, неспособното менаџирање и ненавремената реакција на институциите. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за високото ниво на водата во Охридското Езеро. Поучени од минатите години, предупредивме дека во наредниот период нивото на водата ќе се зголемува и треба да се реагира. И покрај предупредувањата и првиот пат и сега по вторпат поплавите причинија огромна материјална штета кај објектите долж на целото крајбрежје.

За целото ова време каде е кризниот штаб и зошто не се активни заедно со Центарот за управување со кризи во Охрид? Зарем се чекаше да се случи катастрофата и жртви да бидат охриѓани.

Што направиле цело ова време за да придонесат за спречување на овие катастрофи и други несакани појави?

Пред сезоната на дождови и топењето на снегот, не е извршено никакво дополнително предпразнење на акумулациите како подготовка за прием на големото количество на вода.

Зошто раководството на ЕЛЕМ, дозволи сериозен пораст на котите на Охридското езеро? Надминатите е и критичната точка, 26 cm над максимално дозволената кота. Зошто не е навремено реагирано за водата да се испушти и полни навремено Шпиље?

Покрај катастрофалните штети има и негативно влијание на земјоделието во целиот регион поради енормната влажност на почвата. Штетите ги претрпуваат земјоделците и тие се големи.

Одговорност за раководството на ЕЛЕМ мора да, одговорност за сите надлежни исто така мора да има и ќе има.

СДСМ и Владата најмалку што можат да направат е да им се извинат на сите граѓани што се погодени или живеат во страв од поплавите, веднаш да го разрешат директорот на АД ЕЛЕМ за направените пропусти во работењето, а градоначалникот Стојаноски да си даде оставка од функцијата.

ВМРО-ДПМНЕ апелира во иднина Владата на СДСМ и раководството на ЕЛЕМ совесно да ја извршуваат функцијата бидејќи ова е недозволиво.

Да ги следат временските прогнози и промени поврзани со водостојот на Охридското Езеро со навремено регулирање на водата за да се избегнат несакани материјални штети.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 23:08