ВМРО-ДПМНЕ е партија позната по ширењето на говор на омраза и дискриминација и оттаму, нивната наводна загриженост за збирката на млади поети е манипулација и првоаприлска шега.

Како што јавно соопшти и Агенцијата за млади и спорт, веќе се започнати конкретни чекори во лоцирање на одговорноста за пропустот со збирката од проектот „Млади поети“. Публикацијата е повлечена, а сите што учествувале во пропустот ќе се соочат со одговорност.

СДММ најостро ги осудува говорот на омраза и дискриминацијата коишто се во спротивност со човековите слободи и права и во спротивност со концептот на едно општество за сите во кое СДММ силно верува.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2018 23:14