Двете водечки германски партии купувале податоци за гласачите од компанијата „Дојче пост“, поранешната државна поштенска компанија.
- Тоа би можело да им овозможи да испратат политички рекламни пораки до специфичните делови на избирачкото тело, објави весникот „Билд ам зонтаг“.
Весникот наведува дека Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Партија на слободни демократи (ФДП) почнале да собираат информации од ќерката фирма на „Дојче пост“ во 2005 година, а пред пред минатогодишните избори потрошиле повеќе илјади евра за тоа.
- Иако не добиле информации за конкретни гласачи, информациите кои ги даде „Дојче пост“ содржеле податоци за членовите на домаќинствата, нивното образование, навиките на корисниците и други социо-демографски информации. Тоа им овозможило на германските политички партии да имаат увид во потенцијалните изборни навики на граѓаните, истакнува „Билд ам зонтаг“.
ЦДУ и ФДП признаа дека набавиле податоци за гласачите, додавајќи оти се придржувале до строгите правила за заштита на податоците во Германија.
И „Дојче пост“ соопшти дека не ги прекршича законите за приватност и оти на ниту една политичка партија не им дала адреси од гласачите.