– Кина објави противмерки на увоз на американски производи наметнувајќи царини во висина до 25 отсто за 128 приоизводи како одговор на американските царини за челик и за алуминиум, објави кинеското Министерство за финансии.
Официјален Пекинг предупреди минатиот месец дека размислува за воведување царини што предизвика голема загриженост поради можно избивање трговска војна меѓу двете држави.
Новите кинески царини се однесуваат на различни производи од овошје до свинско месо.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 22 март најави дека САД ќе воведат нови царини за речиси 60 милијарди долари увезена кинеска стока, што предизвика немир на светските финансиски пазари. Кина одговори со листа од 128 производи на кои ќе се воведе царина од 15 до 25 отсто во случај на неуспех на преговори со САД.