Новиот министер за внатрешни работи на Германија Хорст Зехофер се залага за контроверзен план, според кој, барателите на азил ќе бидат задржани во специјални центри се додека не се одлучи по нивното барање.

Според предлогот на Зехофер, мигрантите би требало да се задржат во посебни центри и до 18 месеци, се додека не се донесе одлука по нивното барање.

Критичарите на овој предлог велат дека задржувањето на луѓе во центри може да го поттикне насилството и да ја отежне интеграцијата во општеството.

Први такви центри ќе бидат направени во текот на оваа година, за почеток во Баварија, тврдат официјални лица. ир/зш/10:25



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 08:30