Израелскиот министер за јавна безбедност Гилад Ердан го нарече претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган „антисемитист“.

- Антисемитистот Ердоган продолжува да го поддржува Хамас, изјави Ердан за израелското воено радио.

Тој изрази жалење што во 2016 година гласал за договорот нормализација на билатералните односи, кои беа нарушени во 2010 година кога израелски командоси упадна на брод, што превезуваше помош за Појасот Газа и убија десет турски пропалестински активисти. Договорот за нормализација во повеќе наврати е прекршен.

Ердан изјави и дека Израел треба да дејствува против Турција „во меѓународната арена и Анкара треба да го признае геноцидот над Ерменците, што го изврши Отоманската империја“. Тој исто така посочи дека Турција е „земја каде се убиваат Курдите и се држи под окупација Северен Кипар, а на Запад е прифатена како легитимна држава“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 10:12