Еби Ахмед е избран за нов премиер на Етиопија и денеска ќе поднесе заклетва.
Ахмед доаѓа на местотo на Хаилемариам Десалегн, кој во средината на февруари поднесе оставка поради судири во регионите Оромиа и Амхара.
Аби е прв политичар од етничката група Ороми, кој стана премиер и верува оти ќе успее да стави крај на судирите што почнаа уште во 2015 година, да воведе поголема политичка слобода и да ги ослободи од затвор опозиционерите.
Оромо е најголема етничка група во Етиопија, која брои околу 100 милиони луѓе и долго време е маргинализирана и политички и економски.
Еби (42) беше министер за наука и технологија и има репутација на ефикасен оратор и реформист.