Дарко Каевски треба да одговара и да си даде оставка од функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт, поднесувајќи одговорност за скандалот на очиглед на целата македонска јавност.
Одговорност мора да има за скандалозните стихотворби кои излегоа во јавност и изобилуваат со шовинизам, говор на омраза и тоа треба да го направи веднаш.
Дарко Каевски кој самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите, а на поетското читање агенцијата објави дека 48 автори испратиле творби, вчера вели и дека не знаел дека е ставен за уредник на збирката.
Прашуваме:
1.Колку сума на државни пари за објавување на оваа книга се исплатени?
2.Дали Дарко Каевски ќе ги врати парите кои се исплатени за книгата, а се на штета на граѓаните на Република Македонија?
За да биде скандалот уште поголем, сите се оградија од Агенцијата за млади и спорт, па дури и авторот кој е потпишан вели дека е злоупотребено неговото име.
Има ли пилот во авионот наречен Агенција за млади и спорт?
За само 10 месеци Дарко Каевски од Агенцијата за млади и спорт од најдобра институција, успеа да направи траги-комична институција, која шири шовинизам и говор на омраза.
Срамно!
Одговорност за ова мора да има, Дарко Каевски веднаш да си даде оставка и да биде пример за сите други функционери од оваа власт.
Оставка веднаш!