Колку далеку ќе отиде спорот меѓу Москва и Западот поради труењето на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал во Британија не зависи од Русија, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој нагласи дека за време на Студената војна постоеле некои правила, но сега Британија и САД ги отфрлаат сите стандарди и си играат детски игри.

Британија ја обвинува Русија за труењето на Скрипал на 4 март во Солсбери додека Москва негира вмешаност. По тој случај следуваа низа дипломатски мерки и контрамерки меѓу двете држави



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 12:38