Петре Шилегов упорно ни докажува дека и дното може да биде пробиено. Шилегов го претставува садењето на дрва како некаков мега проект, но тоа е негова редовна работна обврска.
Граѓаните имаат потреба од нови зелени површини и нови садници сега, а не утре. Садењето на дрва и хортикултурното уредување на градот мора да се одвива во континуитет. Како што тоа го правеше градот Скопје во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога беа засадени повеќе од 250.000 нови садници, а подигнати беа над 330.000 метри квадратни парково зеленило.
Само новиот парк во Аеродром кај бул. АСНОМ е на површина од 100.000 метри квадратни, а новиот парк Македонија во Карпош долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов е со површина од 70.000 квадратни метри.
Шилегов пет месеци е градоначалник, а нема ниту еден конкретен проект. Пет месеци не се градат инфраструктурни проекти, нема развој, градот тапка во место.
Последиците од владеењето на СДСМ и Шилегов граѓаните веќе ги чувствуваат, а ќе ги чувствуваат. Ветуваа живот, донесоа стагнација. Секој сегмент на општеството е жртва на заробената држава.
Шилегов нема капацитет да го води и управува Скопје. Граѓаните заслужуваат подобро. Скопјани заслужуваат подобро.