Заради остварување на криминални и бизнис интереси, ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски со години ги уништуваа парковите и зелените површини низ Скопје со што градот стана еден од нај загадените во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека на Скопје итно му е потребно повеќе зеленило. Со тоа, опозициската партија призна дека по нејзиното владеење, го оставила градот со уништено зеленило.

Новата градска власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, активно работи на рехабилитација и обновување на зеленилото во Скопје. Како и многу други акции и проекти, засадувањето дрво за секое новороденче е само една од мерките преку кои се враќа загубеното зеленило.

Чистиот воздух и здравата животна средина се основно човеково право и врвен приоритет на СДСМ. За нас, ништо не е поважно од здравјето на луѓето.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 17:56