Наместо Петре Шилегов да глуми градинар, да прави спектакли од поместување автобуски постојки и да глуми диџеј време е да сработи нешто.

Чистиот воздух и здравата животна средина за која зборува СДСМ останаа само мртво слово на хартија. Најуспешниот градоначалник што го имаше Скопје, Коце Трајановски само во неговиот мандат засади илјадници дрва и посади илјадници метри квадратни трева, нешто што Петре Шилегов може само да го замисли.

ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт не само во Скопје туку и низ цела Македонија со низа на проекти докажа и покажа дека приоритет е здравата животна средина.

Резултатот од четиримесечното неработење на Шилегов се десетиците негови луксузирања во странство и качувањето на Скопје на ранг листите на најзагадени градови. Очигледно воздухот што го ветуваше Шилегов никако да стигне до граѓаните.

Апелираме до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов наместо да се занимава со популизам и празни ветувања конечно да се зафати со работа и да почне да ги исполнува ветувањата што им ги даде на жителите на Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 17:57