На Генералното собрание на Младинската организација на Демократска обнова на Македонија, кое се одржа овој викенд во Скопје, делегатите од општинските организации на МОДОМ избраа ново раководство.

За претседател беше избран Бојан Петровски, советник од Ѓорче Петров, за потпретседатели Ивана Здравеска, советничка од Аеродром и Кристијан Балески, за генерален секретар Мартин Каровски и за организационен секретар Александар Христу Каневче.

МОДОМ и понатаму ќе се залага за младинско застапување, активни младински политики, еднакви права и можности, социјална правда и заштита и права на маргинализираните групи. Заштитата на животната средина и соработката со Европските зелени остануваат во фокус на активностите на новото раководство.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 18:31