Во најновата организација на Room 313 и Coffee House, во подготовка е настан исполнет со уметници од повеќе полиња.
Здружението на уметници Green Community од Битола кое ќе гостува на овој настан, има за цел организирање на културно-уметнички настани со цел претставување на една поубава слика/ култура, во опшеството кое не опкружува. Преку своите настани често не запознаваат со повеќе стилови и култури на електронската музика, попратени со останати уметности како што се визуали, фотографии, уметнички изложби итн.
Во екипата на GREEN која гостува на овој настан ги броиме следните артисти:
Кристијан Петровски талентиран музички визионер, добро познат по неговите DJ сетови и звукот кој го носи со себе. Вклучен е во многу интересни проекти, настани и фестивали, дел како изведувач, а дел како организатор и промотор. Настапува и како дел од дуото “ Alternativa ” и ‘’ El Pegajoso. До сега, има настапувано во сите значајни клубови во Белград како Drugstore, The Tube, Mladost, Monsun, Magacin Depo, KPTM и други, а може да се пофали и со настапи на EXIT, Uranak Festival,Love Fest, Dev9t, Raveolution Festival, како и на нашиот АКТО фестивал во Македонија. Го делел ДЈ пултот со познати имиња како Hernan Cattaneo, Marko Nastic, Art Department, Oxia, Nakadia, Uto Karem, Valentino Kanzyani, Metodi Hristov, Fabio Florido, Joris Voorn, John Digweed, Timo Mass, Funk D’Void, Saso Recyd, SABB, NTFO, Ninetoes, Rhadow и др. Музиката што ја свири е мешавина на варијација помеѓу deep и техно, измешано со добар ритам, тек-хаус и прогресив.
Joss , доста актуелен диџеј во последните година дена низ македонските клупски локали. Неговиот избор на музика и способностите кои ги владее позади грамофоните не останаа незабележани од македонските промотери на електронска музика. Сетовите кои ги презентира, нудат апсолутно задоволство на подиум.
MASTRAPIECE - Матеј Шундовски е артист кој се занимава со премногу битен детал во културно-уметничките настани, а тоа е визуелната уметност. Неговите проекции може да се видат по театрите ширум Македонија, со што им дава димензија плус на претставите кои се нудат. Доколку сте гледале некоја претстава и токму конекцијата на актерите со визуелизациите ви оставила голем впечаток, за тоа е заслужен MASTRAPIECE. На овој настан ќе настапи со специјална инсталација на проектори кои го опфаќаат скоро целиот простор на локалот "Happy", со што ќе ве однесе на прошетка низ неколку планети.
SPACELY - Александар Петровски е фотограф на кој омилен поглед низ објективот е добра клупска журка. Неговото око е способно да ги фати најдобрите моменти на еден културно забавен настан. Работи како графички дизајнер и постпродуцент на фотографија.
Ваше е само да се забавувате. Нема потреба да фотографирате и си го губите вашето внимание гледајќи во телефонот. Има кој тука да се грижи за фотографија и да го изваде најдоброто од вас и тие околу вас.
Домаќин на настанот е MITRIK , на кој најголема желба му е да го види Прилеп како живее едно модерно време..
Дизајнот на постерот е на Илија Димкоски
За звукот и димни ефекти ќе се погрижи Cavleski Logistik
Настанот ќе се случи на 07.04, со почеток во 22 часот. Локацијата е "HAPPY" на самиот плоштад во Прилеп. Влезниците ќе чинат 100мкд до 00:00 часот, а после тоа по 150мкд. Резервација на влезници на некој од горенаведените линкови.