Индиската Влада објави наредба со која се овозможува одземање акредитации на новинари обвинети за ширење лажни вести.

Министерството за информирање и емитување програма синоќа соопшти дека на секој новинар кој „креирал и/или пропагирал лажни вести“ ќе му биде одземена акредитацијата до завршување на истрагата.

Во соопштението не се дефинира кој може да го пријави новинарот, но првата казна ќе биде одземање на акредитацијата за следење владини настани на шест месеци.

Доколку се повтори престапот, забраната се продолжува на една година, а ако новинарот трет пат биде обвинет за ширење „лажни вести“, акредитацијата му се одзема засекогаш.

Истрагата ќе ја водат групи кои ќе вклучуваат новинари, сопственици на медиуми а понекогаш и политичари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2018 08:16