Германски обвинители соопштија денеска дека побарале од суд дозвола за екстрадиција на поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во Шпанија каде е обвинет за поттикнување бунт.

– Канцеларијата на обвинителот на Шлезвиг-Холштајн поднесе барање до регионален суд по интензивни проверки на европскиот налог за апсење на Пуџдемон што го издаде Шпанија, се наведува во соопштение.

Шпанските власти го теретат Пуџдемон за бунт поради прогласување независност на Каталонија. Пуџдемон беше уапсен во Германија на 25 март и оттогаш се наоѓа во притвор во Нојминстер.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2018 09:16