Британската компанија Де Ла Ру најави тужба против владата откако тендерот за печатење на новите британски пасоши го доби француско-холандската компанија Гемалто.

Гемалто ги печати возачките дозволи во Британија, додека Де Ла Ру е специјализирана за печатење пари и пасоши. Британската компанија тврди дека имала најдобра понуда, пред се во поглед на квалитетот и безбедноста на новите пасоши, а понудила и цена под таа што вообичаено ја бара.

Британија воведе црвени пасоши во 1988 година, во координиран чекор со земјите од Европската Унија. Но, по Брегзит, британската Влада реши да ги врати старите темно сини пасоши. Владата инсистира дека Гемалто победила на тендерот по долго и сериозно разгледување на понудите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2018 10:02