ВМРО-ДПМНЕ, партијата што континуирано ги задолжуваше граѓаните заради остварување криминални интереси, продолжува да шири лажни вести преку кои очајно се обидува да манипулира со јавноста.
Средствата добиени од денешната аукција ќе бидат искористени за исплата на досегашни долгови. Со денешните средства, во текот на утрешниот ден и на 16 април ќе бидат исплатени 28,9 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, што е идентична сума со онаа којашто е запишана на денешната аукција.
Истовремено, каматните стапки на државните хартии од вредност кои се продадени на денешната аукција се доста пониски од оние кои што доспеваат за враќање, што укажува на намалување на трошоците на државата.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа со лажни вести се обидува да ја манипулира јавноста.
За разлика од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ја намали фреквенцијата на аукциите од четири на два пати во еден месец. Истовремено, се обезбедуваат средства со најповолни каматни стапки и успешно се управува со наследениот проблем и неодговорното и расипничко трошење на ВМРО-ДПМНЕ.