Собраниските седници и денеска продолжија без опозицијата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев денеска повтори дека опозицијата ќе се врати во Собранието кога барањето за интерпелацијата на Владата ќе биде ставено на дневен ред.

Тој истакна дека е во тек изработката на документот со кој ќе се поднесе интерпелацијата.

-Верувам дека тој документ набрзо ќе биде изготвен и ќе биде поднесен до службите на Собранието на Република Македонија и очекуваме после тоа во деловнички рок, Талат Џафери да ја закаже седницата на која што ќе побараме доверба на владата, истакна Данев.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува широка поддршка од пратениците на барањето за доверба на владата.

Исто така Данев рече дека во завршна фаза се и преговорите за реформските закони.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2018 21:29