Мицкоски потсети на ветувањата на Заев
Загрижува чинот на изборот на таканаречениот претседател на Собранието кој што има многу дилеми, дали бил математички прецизен колку што треба или не бил, дали бил според Деловникот или не бил, дали можело да се случи неколку часа порано или не можело. Целиот тој ден изобилува со многу контроверзии.
Ова денеска во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборувајќи за случувањат од 27 април и додаде дека дека народот 80 дена на Заев му кажувал оти не е добро да го избере Талат Џафери.
Според него, Заев не бил избран за Џафери да стане претседател на Собранието, туку да ги исполни ветувањата кои ги даде на предвремените парламентарни избори во 2016. година.
Мицкоски потсети на ветувањата на Заев.
-Тоа се 30.000 денари просечна плата, 16.000 денари минимална плата, докторите да имаат просечно 100.000 денари плата, зголемени субвенции, зголемени пензии, повеќе странски инвестиции, да ја намалиш невработеноста, реформи во образованието, реформи во судството. Тоа беше ветено, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, тоа повеќе наликува како човек кој тоне во жив песок и сега му треба сламка за спас.
-Суштината е таква, но тоа е поразителна за Република Македонија. Последиците ќе бидат големи, рече Мицкоски.